Битиќи- Ме обвинија дека сум земал повисока плата, а пресметката и платата која се исплаќа до 15 ми е иста како и минатиот месец“,
Праведен и правичен начин на регулирање на платите насекаде во јавниот сектор ќе имаме тогаш кога од решението ќе бидат задоволни синдикатите, Организацијата на работодавачи и Владата. Сметам дека само тоа ќе биде праведен и правичен начин на регулирање на платите еднаш за секогаш – сега и во иднина, истакна денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.
„Работиме на општиот колективен договор и системски закон за плати за конечно да ставиме ред не само кај функционерите, туку насекаде во јавниот сектор, но и да биде праведен и правичен. Нам не ни е нужно да ни се зголеми платата ако на другите не им се регулира статусот на праведен и правичен начин“,
рече Битиќи одговарајќи на прашање по денешната промоција на првиот дигитален асистент во јавниот сектор АДА.
Во врска со платата на функционерите, Битиќи истакна дека согласно пресметката, која ја добил за исплатената плата, платата му е иста како и во претходниот месец.
„Ме обвинија дека сум земал повисока плата, а јас знам дека пресметката и платата која се исплаќа до 15 е иста како и минатиот месец“,додаде тој.