- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Битиќи: Нема недела неработен ден додека трае пандемијата

Битиќи: Нема недела неработен ден - Работник
262views

Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашање, синоќа во своето гостување во „Топ Тема“ на Телма рече дека законот за работни односи со кои ќе биде забрането работењето во недела за повеќето дејности нема да се донесе додека трае пандемијата.

– Три месеци дебатиравме досега за овој предлог-закон, а планираме да дебатираме уште три месеци пред да аплицираме во Собранието. Ние во овој период додека трае епидемијата не сакаме финансиски да им наштетиме на работодавачите, рече Битиќи.

Advertisement

Advertisement