- Advertisement -
Новости

Битиќи: Побрзо да се донесат законските решенија за примена на мерките од петтиот пакет

Битиќи: Побрзо да се донесат законските решенија - Работник
41views

Потребна е побрза динамика во носењето законски решенија за да се овозможи примена на одредени мерки од поддршката за стопанството, смета вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Според Битиќи, досегашните предвидувања и активности на Владата во однос на КОВИД кризата даваат резултат и оваа, 2021-ва, ќе биде година на заздравување на економијата.

Advertisement

-Сепак, оваа криза не е целосно предвидлива и во случај да има потреба од дополнителни мерки, ќе треба да се постигне широк консезус во општеството за да се обезбедат доволно средства за да се искреираат и аплицираат тие дополнителни мерки кои би се однесувале на поддршка за исплата на плати за вработените, рече Битиќи во синоќешното гостување на „Топ тема”.

Ако има потреба за дополнителни финансиски средства за мерката финансиска поддршка за плати и низа други мерки, дополни Битиќи, треба да се постигне консензус.

Advertisement

-Јас сум кажал дека тоа не е проблем и не треба да претставува проблем ниту за стопанството, ниту за Владата, ниту за граѓаните. Се додека на транспарентен начин се кажува дека се трошат тие средства за да се помогне економијата, да се помогнат граѓаните, за да ги зачуваме работните места, и се додека тоа се основните принципи за тоа како ги трошиме средствата, мислам дека ќе постигнеме консензус. За сега, моето очекување е дека не би имало потреба од таква мерка понатаму. И сега, таа мерка е само дел од вкупниот обем на мерка, вкупно 160 милиони евра се на располагање со петтиот пакет, оваа мерка носи 20 отсто од вкупниот пакет и затоа не би сакал да ги минимизираме другите. Јас знам дека и овде го аплицираме „парето” системот, а тоа е 20 проценти од мерките зачувува 80 отсто од работните места и одиме кон тоа, дека е потребно. Но, да не ги занемариме 28 други мерки кои се компилирани заедно со стопанските комори и синдикатите, истакна вицепремиерот.

Тој се осврна на втората мерка од петтиот пакет – бескаматните кредити од Развојната банка кои, како што потсети, се насочена кон најпогодените сектори: туризмот, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани.

Преку оваа мерка компаниите од овие сектори може да добијат поголеми средства од 3.000 до 30.000 евра, кои може да ги користат и како ликвидни средства, но и за обезбедување плати за вработените. Компаниите ќе добијат 12 месеци грејс период, тоа е долг период во кој ќе располагаат со средствата. Доколку во рок од една година, компаниите покажат позитивен финансиски резултат и го имаат зголемено за 5 проценти бројот на вработени, 50 отсто од кредитот ќе биде неповратен, односно грант. Како за илустрација, ако компанија земе кредит од 30 илјади евра, покаже позитивни резултати и ако имала 5 вработени, а сега вработи уште 1, тоа е повеќе од 5 отсто, може да очекува 50 отсто од кредитот или 15 илјади евра да бидат грант. Тоа  е значителна директна помош за најпогодените сектори, нагласи вицепремиерот.

Сите економии, вклучувајќи ја и нашата, дополни, се обидуваат да се прилагодат на новата ситуација. Сепак, земјава е на вистински пат и тоа го покажуваат повеќе индикатори.

-Падот на економските активности во првите месеци на пандемијата е значително поголем во споредба со последните месеци. Индустриското производство бележи тенденција на раст, исто така со тенденција на раст е и трговската размена со странство. Приходите во буџетот исто така се во пораст ако се земе предвид периодот по април, кога беше и пикот на пандемијата. Ги следиме секојдневно бројките поврзани со приходите од ДДВ и другите даноци, не велиме дека овие бројки се подобри од 2019 година, но тенденцијата е во позитивен раст и затоа велиме дека економијата заздравува. Сите мерки кои ги имаме креирано во петтиот пакет се во духот на економското заздравување и развој, посочи Битиќи.

Во однос на потребата од побрзо носење на законите со цел имплементација на мерките, вицепремиерот укажа дека 2,5 месеци не е свикана Комисијата за финансирање и буџет.

-Ние во овој момент имаме дел од мерките од четирите пакети кои се спроведени,  а  заедно со овој пакет од 160 милиони евра доаѓаме на 1,150 милијарди евра коишто опфаќаат мерки, кои нема да се  спроведат само до декември 2020, туку ќе се спроведуваат и некои ќе се спроведуваат до декември 2021, па и понатаму со една претпоставка дека законските решенија нема да заглават по 3 месеци во собраниски процедури. Ние имаме 2,5 месеци несвикана Комисија за финансии и буџет, во којашто треба да се гледаат законските решенија. Поднесовме 3 закони, Законот за државна гаранција, којшто треба да ни обезбеди, а средствата се веќе алоцирани, си стојат во Развојната банка, минимум 18 милиони евра како инструмент за државната гаранција коишто би требало да донесе 120 милиони евра во стопанството во име на ликвидност и поддршка на инвестиции. Не е возможно во овој момент, затоа што законското решение не е донесено, нагласи вицепремиерот.

Advertisement