Босанските власти постигнаа договор за „заклучување на цените“, фокусот ќе биде ставен на основната храна
На состанокот на Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина, работодавачите и претставниците на трговците и производителите на храна е усвоен заклучок дека оваа работна група до следниот понеделник треба да даде предлог за „заклучување на цените“. Поточно, ќе се знае колку цената на производот би можела да се намали или коригира, во каква форма и на кој начин ќе се направи тоа… Заклучено е и дека фокусот ќе биде ставен на основните намирници, објави Кликс.ба.
Според информациите, расположение за ваков предлог и негова реализација постои, но повеќе информации ќе се знаат на почетокот на следната недела. Исто така, важно е да се напомене дека работодавачите и претставниците на продавниците заклучија дека има промени на цените на светскиот пазар и дека цените ќе бидат соодветно приспособени. Да потсетиме, минатата недела имаше еднодневен бојкот на продавниците во Босна и Херцеговина, а следниот беше најавен за петок и сабота, со неработна недела. Причина за тоа е поскапувањето на сите прехранбени производи, кои често се поскапи од оние во европските земји.
- ЗАВРШИ НОВОГОДИШНАТА КОШНИЦА: Од денеска ќе се знае дали ќе се вратат на старо цените што еден месец беа намалени - 12/02/2025
- Грчките институции ги заштитуваат работниците на Санторини, ќе добијат отштета од 534 евра - 12/02/2025
- НАЈБОГАТАТА ЖЕНА ВО ЕВРОПА ЈА НАПУШТА СВОЈАТА КОМПАНИЈА – ИМПЕРИЈАТА ЈА СОЗДАДЕ ДЕДО Ѝ: Нејзиното богатство се проценува на 89 милијарди долари - 12/02/2025