МакедонијаНовостиСветот на работникотСиндикат

Бочварски го моли синдикатот на М-НАВ да не штрајкува

   Време за читање 1 минута

На вчерашната средба помеѓу министерсот за транспорт и врски Благој Бочварски и синдикатот на М-НАВ било побарано најавениот штрајк во авиопревозот да не се спроведува од причина што административните работи не треба да бидат пречка за нормално одвивање и функвионирање на работата на контролата за летање

Од соопштението на Министерството за Транспорт посочуваат дека оваа состојба ќе се надмине на начин што тие доследно ќе се придржуваат кон Спогодбите од договорот од месец октомври меѓу менаџметот на М-НАВ, Синдикатот и Министерството за транспорт и врски како посредник за надминување на состојбите во Друштвото.

Она што се согласни министерот Бочварски и претседателот на Синдикатот е дека во наредниот период во постапките за сите јавни огласи за нови вработувања во делот на оперативниот кадар, ќе биде вклучен и Синдикатот, како пракса во насока на подигнување на повисоко ниво на човечкиот и техничкиот капацитет на М-НАВ пишуваат од Министерството за транспорт и врски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *