Правда

Бранимир Јовановиќ: Текстилните газди пак леат крокодилски солзи за минималецот

Бранимир Јовановиќ - Работник
370views

Фејсбук статус на Проф. Д-р Бранимир Јовановиќ:

Ги слушам текстилниве газди, пак крокодилски солзи, ќе колабирала текстилната индустрија од покачувањето на минималната плата.

Ај малку бројки.

Според годишните сметки за 2018 (последна година за која има податоци), во државава има 1026 активни фирми од гранките текстил и облека. Во нив имало вкупно 35.278 вработени, со просечна месечна нето плата од 15.477 денари (тука се влезени и платите на директорите/газдите).

Истите тие 1026 фирми оствариле вкупна нето добивка по оданочување (вклучувајќи ги и загубите на фирмите со загуба) од 19 милиони евра, односно, 18.582 евра по фирма.

Значи, за работниците плата од 15.000 денари, за газдите добивка од 18.000 евра (дополнително на платата).

Или, за работниците минималец, за газдите џипче.

Не, нема да колабира текстилната индустрија од покачување на минималната плата. Ќе колабира државава од вашата алчност, од вашата проклета желба да возите џипови (и авиони, како што кажа еднаш еден ваш претставник), а работниците да ги експлоатирате и да им фрлате трошки.