Бруто-домашниот производ повисок за 2 отсто, најголем раст во градежништвото
Време за читање 1 минута
Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2023 година забележа раст од 2.1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје, номинално расте за 14.8 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 69 отсто.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13.7 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 1.4 отсто.
Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2023 година бележат намалување во делот на промената на залихите, покажуваат податоците на ДЗС.
Latest posts by Портал Работник (see all)