- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Вакцинирани 1040 здравствени работници, над 63 илјади граѓани се пријавиле за вакцинирање преку онлајн апликацијата

Вакцинирани 1040 здравствени работници - Работник
92views

Досега 1040 здравствени работници ја примиле вакцината против Ковид-19. Кај мал број од нив се пројавени реакции по вакцината како болки на местото каде таа е аплицирана и благо зголемена телесна температура, информираа за МИА од Министерството за здравство.

– Сите вакцини се безбедни и развиени на сигурни платформи. Преку веб-страницата ,,vakcinacija.mk” реализирани се 63.075 пријави од граѓаните со искажување на интерес за вакцинација, посочија од Министерството за здравство.

Advertisement

Имунизацијата се одвива во модуларната болница на Инфективната клиника во Скопје, а се врши со 4680 од предвидените 8000 дози вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.

До крајот на неделава се очекуваат и 200.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“. Државата ќе порача дополнителни 100.000 вакцини „Спутник“, со што би се надополнил севкупниот план за вакцинација. Оваа недела се очекуваат и првите информации за вакцините од Европската Унија, од директниот договор со „Фајзер“ и од Ковакс механизмот.

Advertisement
Advertisement