МакедонијаПравдаСветот на работникот

Велешанец нападнал обезбедување на банка

98views

Вчера, во 12.40 часот, Б. А. (34) од Велес, вработен како обезбедување во банка, пријавил дека додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат од Б. Ш. (52) од Велес. Според пријавеното, на нападот му претходела вербална расправија поради непочитување на протоколите за заштита од Ковид-19 од страна на пријавениот.

Тој бил приведен во Полициската станица Велес и по целосно расчистување и документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.