НовостиПравдаСветот на работникот

(Видео) Арсовска покажа документ: Од една фамилија има над четириесет вработувања во „Комунална хигиена“, од втора фамилија над 30

   Време за читање помалку од минута

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска кажа дека од една фамилија над 40 лица се вработени во јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Во ЈП „Комунална Хигиена“ луѓе со едно презиме, односно од една фамилија, се вработени „до 6-то колено“, изјави синоќа градоначалничката Данела Арсовска.

– Една фамилија има вработено се што му е род до шесто колено. Од една фамилија има над 40 вработувања, а од втора фамилија има над 30 вработувања и овие мафијаши повеќе нема да бидат толерирани во Градот Скопје. Се надеваме дека институциите ќе продолжат да постапуваат и дека на штета на граѓаните, повеќе никој нема да дозволи ова што се случува изминатите два дена во градот Скопје, рече Арсовска.

Видеото можете да го погледнете тука