(Видео): Газдата на „Костал“ очекува новата Влада да биде благонаклонета кон економијата
Андреас Костал, сопственик на компанијата „Костал“ која има свое претставништво во земјава, во гостувањето на „Трилинг“ дава одговор на прашањето за неговите први средба со идниот премиер Христијан Мицкоски, како и со Стопанската комора на Македонија. Според Костал, првиот впечаток е одличен и очекува Влада која е благонаклонета кон економијата и економскиот развој и дека тука во Македонија начелно има добра клима и околности за идни инвестиции од претпријатија кои веќе се присутни тука, но и дека има основа за нови инвестиции во државата.
На прашањето што треба да биде приоритет на новата Влада, тој вели дека од една страна, вежно е за претпријатијата кои веќе се тука, и за оние кои сакаат да се инсталираат тука, да се креираат стабилни и доверливи рамковни услови.
Ако не погледнете нас како претпријатие, ние досега имаме инвестирано околу 100 милиони евра тука во Македонија и немаме ниту можност, ниту намера, да ја повлечеме инвестицијата од тука на краток рок и да ја однесеме на друго место. Но затоа многу зависиме од тоа, рамковните услови, даночните, регулаторните, царински рамковни услови и слично да бидат стабилни, а договорите и спогодбите да се почитуваат и да се почитуваат временските рокови, вели Костал за „Трилинг“ и додава дека на тој начин да може да се создаде доверлива и пресметлива рамка во која може да се дејствува.
За тоa што мисли за ситуацијата тука во Македонија, Костал вели дека не е експерт за да може да зборува за општествениот развој, но она што може да го констатира кога ги гледа, на пример, нивните активности тука во Македонија низ годините, е дека имаат направено неверојатно голем напредок и огромен чекор напред.

За тоa што мисли за ситуацијата тука во Македонија, Костал вели дека не е експерт за да може да зборува за општествениот развој, но она што може да го констатира кога ги гледа, на пример, нивните активности тука во Македонија низ годините, е дека имаат направено неверојатно голем напредок и огромен чекор напред.
- СПМ одржа состанок со Министерот Тошковски - 06/02/2025
- Неделков на средби со членовите на СОНК - 06/02/2025
- Ќе згасне ли автомобилската индустрија во Германија? - 06/02/2025