- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО) Ексклузивно: Македонија според индексот на Меѓународните синдикати е земја без работнички права

Ексклузивно: Македонија според индексот - Работник
218views

Бобан Илијевски

Македонија со индекс 4, односно систематско прекршување на правата, согласно индексирањето кое го врши Меѓународната Конфедерација на синдикати е окарактеризирана како земја што нема работнички права. Оваа информација на денешниот протест по повод 1- ви Мај, ја соопшти Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС Благоја Ралповски.

Advertisement

Ова се случува во последните три години, потенцираше тој.

„Платите на голем број работници, што се во висина на минималната плата на Македонија се под нивото на достоинствен живот, за само едно лице, а уште повеќе под прагот на сиромаштија на едно просечно семејство“, рече тој.

Advertisement
Advertisement

 

Правото на слобода на здружување и синдикално организирање е право кое е загрантирано со Уставот, законите, Конвенциите на Меѓународната организација на трудот, а ние како синдикат го доживуваме токму спротивното. КСС е едниствениот синдикат кој вистински се залага за унапредување на правата на работниците и бидејќи секогаш цврсто стои зад своите ставови се соочува со притсисок врз своето синдикално делување, посочи Ралповски, истакнувајќи дека веќе повеќе години се соочува со обиди од сите страни, попречување за слободно организирање и делување со јасна цел да не постои КСС и гранските синдикати во него.

Нашите синдикални лидери низ годиниве се соочија со деградација на работните места, дисциплински постапки, намалување на платите, прераспоредување на работно место надвор од местото на живеење, противзаконско исчленување на членството, откази. Сите овие активности се преземени се со цел да се заплашат работниците да не членуваат во синдикат. КСС им порачува на сите работници дека ние стоиме позади секој еден работник и со тоа постојано ги јакнеме нашите капацитети се со цел да ја обезбедиме неопходната помош за нашите членови, рече тој. 

Постоењето на формален, а не суштински социјален дијалог го нарушува балансот на едно општество кое треба да го движат заеднички трите социјални партнери (Владата, синдикатите и работодавачите). Кај нас, Владата работи единствено по сопствено зацртаниот правец со подобни и послушни социјални партнери, со што економскиот и социјалниот просперитет станува недостижен за работникот, посочи Ралповски.

Advertisement