МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО) КСС: Нека ова биде потсетник за тоа кој е вистински борец за работничките права во Македонија !

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија објави видео од протестот кој се одржа на 15 април, со кое ја покажува синдикалната борба којашто ја водат, како што велат, против оние коишто ги кршат законите, ги прогонуваат синдикалните лидери и им вршат притисоци за да не извршуваат синдикални активности.

Од КСС велат дека ова видео ќе биде потсетник за тоа кој е вистинскиот борец за работниците, нивните права и нивниот социо – економски статус.

Од таму истакнаа дека доколку не се исполнат барањата коишто ги кажаа пред Владата, ќе презамат уште порадикални синдикални чекори за да ги остварат своите права.

За потсетување, КСС бара од Владата да го почитува Законот за минимална плата, односно истиот да се усогласи со колективните договори во јавниот сектор, за да не се случи дејности со различни коефициенти на сложеност да земаат исти плати; почитување на Законот за безбедност и здравје при работа – исплата на 100 % од платата на сите коишто се на боледување поради Ковид – 19, незаконските откази на синдикалните лидери…

Во продолжение погледнете го видеото на КСС: