- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Владата го Усвои Колективниот договор за високо образование и наука

Колективен договор - Работник
178views

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за склучување на Колективен договор за високо образование и наука и ја овласти Мила Царовска, министерка за образование и наука да го потпише Колективниот договор за високо образование и наука.

Владата на денешната 66 -та седница ја разгледа и усвои информацијата за склучување на колективен договор за високо образование и наука и ја овласти Министерката за образование и наука да го потпише Колективниот договор за високо образование и наука. 

Advertisement

„Со колективниот договор за прв пат по 30 години се уредува системот на плати, се утврдува основната бруто плата со коефициент на сложеност на работното место во високото образование. Дополнително предвидено е зголемување на плататa на наставниот и ненаставниот кадар во септември 2021 година и во септември 2022 година“, велат од Владата.

Од таму велат дека едно од позабележителните постигнувања со овој Колективен договор е и уредувањето на исплатата за минат труд, кој во изминатиот десетгодишен период или не се исплаќал или се исплаќаа со големи потешкотии од страна на високообразовните установи.

Advertisement
Advertisement

Потпишувањето на Колективен договор за високото образование и науката беше долга заложба на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК кои во неколку наврати ја потенцираше потребата од тоа колку истиот е потребен за вработените.

 

Advertisement