ЕкономијаМакедонија

Владата најавува нов сет економски мерки, опозицијата обвинува за економски дебакл

Инфлацијата оди нагоре, цените повторно се без контрола, платите стагнираат. Во Макеоднија моментално добро живеат само функционерите од власта – обвинуваат од Бихаќка.

Критикувајќи ги економските политики на власта велат дека ова веќе не е само економска криза, ова свесно и намерно понижување на достоинството на секој граѓанин на Македонија.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека многу скоро ќе има предлог-решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи, не прецизираше за какво решение се работи, но рече дека се следи ситуацијата и дека сериозно пристапуваат на решавање на проблемот.

Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес е претпоследна во Европа по висина на минимална плата, зад нас е само Албанија. Истовремено сме последни по куповна моќ

Од друга страна, дома граѓаните се жалат покрај ниските плати и на високите цени на основните прехранбени производи.