(ВО ЖИВО) Прес-конференција на премиерот Заев и ресорните министри за одлуките од седницата на Владата за „Недела ден за неделен одмор“ и Ребалансот на буџетот 2021 година
Претседателот на Владата, Зоран Заев, ќе одржи прес-конференција заедно со ресорните министри за одлуките од седницата на Влада. Станува збор за предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи – Недела ден за неделен одмор, како и за Ребалансот на буџетот 2021 година.
Премиерот Заев заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и со министерот за економија, Крешник Бектеши ќе се обратат за предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, а потоа премиерот Заев заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, ќе го презентираат Ребалансот на буџетот за 2021 година.
Прес конференцијата започнува во 13:30 часот.

