МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Во знак на солидарност со работниците кои добија отказ, КСС бара откажување на режиските трошоци

Во знак на солидарност - Работник
848views

Соопштението на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ви го пренесуваме интегрално:

Проблемите кои се појавија со се почести откази и губење на работното место кое е основната егзистенција за многу семејства поради вирусот ковид 19 и економската криза којашто ја предизвика вирусот, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС донесе заклучок да упати неколку барања до Владата. Овие барања произлегуваат од проблемите што се создадени со отказите на многу работници па затоа КСС бара:

  1. Сите работници кои добија откази, од било која причина во текот на кризата поради опасноста од собирање и правење метеж пред Агенцијата за вработување, бараме од Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување да излезат во јавноста со план и да ги контактираат сите работници со цел да не се групираат и изложат на опасност од зараза. Владата да изнајде решение истите без доаѓање во Агенцијата за вработување да ги остварат своите права на надомест поради губење на работното место предизвикано од пандемијата со вирусот ковид 19.
  2. Државата во името на солидарноста да се откаже од режиските трошоци за струја и вода за работниците кои добија откази. Како најголем производител на струја и како сопственик на ресурсите со вода, бараме Владата да донесе уредба со што сите режиски трошоци на работниците кои добиле отказ да не се наплаќаат. Надоместок од 7000,00 денари не е доволен за ниту едно семејство од Македонија да може да преживее, а од друга страна трошоците за режиски трошоци ќе им се соберат така да ќе настане проблем како тие ќе ги регулираат истите и понатаму, знаејќи дека голем дел од нив може да останат без работа и подолг временски период.

Повикуваме на солидарност, сега е време Владата да го покаже на дело значењето на тој збор.