МакедонијаПравдаСветот на работникот

Вработена во месарница со тешка повреда однесена во Градската болница

673views

Вработена во месара во Скопје се здобила со тешки телесни повреди додека работела со машина за месо.

-Вчера во 10:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во месарница на ул. Максут Садик во Скопје при извршување на редовни работни задачи со машина за мелење на месо поради невнимание се повредила вработената С.М.(47) од Скопје, по што од доктор во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. За настанот е известен трудов инспектор – соопшти полицијата.