Газдите им даваат отказ на текстилните работници додека се дома со мерките против Ковид-19
Серија злоупотреби врз правата на работниците во текстилната индрустрија во Штип се случија со избивањето на пандемијата со коронавирус, а во првиот бран работните места ги губат младите мајки кои мора да седат дома и да ги чуваат своите мали деца, бидејќи градинките и училиштата не работат. Владината мерка што им ја даде оваа можност оние мајки што ја користат скапо ги чинеше, со родова дискриминација врз нив.
Млада работничка, мајка на 3 мали деца, до Здружението на текстилни, кожарски и чевларски работници „Гласен текстилец“ поднела претставка дека газдата на конфекцијата во која работи првин од неа сакал да се отараси, уште на почетокот на епидемијата. Жената ги користела владините мерки за ослободување од работа на еден родител за чување на деца до 10 години, пишува СДК.
Повеќе прочитајте тука

