ПравдаСветот на работникот

Германија ќе воведе законско право за работа од дома?

Дали кај соседите ќе има трајна работа од дома? - Работник
120views

Германскиот министер за труд, Хубертус Хајл изјавил дека има намера да предложи воведување на законско право за работа од дома во случаи каде што тоа е изводливо, со што овој начин на работа би се применувал и кога пандемијата на корона вирусот ќе стане минато.

Во изјава за весникот „Билд ам зонтаг“, тој рекол дека ваков закон сака да предложи на есен и дека, според првите процени, во текот на пандемијата процентот на луѓе кои работат од дома од 12 отсто се зголемил на 25 отсто, па на тој начин ангажирани се вкупно осум милиони луѓе.

„Сите кои сакаат, а работата им дозволува, би требало да бидат во можност да работат од домашна канцеларија, дури и кога ќе заврши пандемијата на корона вирусот. За време на пандемијата, сознаваме колку работа во денешно време може да се изврши од дома“, рекол Хајл.

Како што потсетува АП, Социјалдемократската партија на Хајл, малцинскиот партнер во владејачката коалиција која ја предводи канцеларката Ангела Меркел, уште во декември повикала на воведување на правото за работа од дома.

Advertisement