- Advertisement -
Наука

Германските лекари посочуваат дека е важно вежбањето доколку работите од дома

291views

Во последниве месеци, сè повеќе луѓе работат од дома заради пандемија на коронавирус, а некои поради тоа и помалку вежбаат се помалку физички активни.

Германските лекари предупредуваат дека недостатокот на движење може да го зголеми ризикот од развој на длабока венска тромбоза (ДВТ), што се јавува кога во длабоките вени се формира згрутчување на крвта или тромб, најчесто во нозете. Од овие вени, крвта тече назад кон срцевиот мускул, а процесот се одвива благодарение на мускулна венска пумпа што ги затегнува и ги релаксира мускулите додека одиме.

Додека легнувате или седите, крвта во нозете тече побавно бидејќи таквите мускулни контракции недостасуваат.

Важно е редовното стоење

Бидејќи недостатокот на вежбање може да ја зголеми веројатноста за појава на згрутчување на крвта, ако поминувате многу време седејќи на биро, важно е редовно да станувате или да правите одредени вежби, советуваат од германското сојузно здружение за здравствени информации и заштита на потрошувачите (БГВ) во Бон.

Членовите на здружението посочуваат да  се користат вежбите за истегнување додека седите или, повремено да ги свиткувате колената кога ќе станете. (БГВ) советува и едноставна вежба за подигнување на стапалата во седечка положба. Додека седите, исправете ги грбот и бутовите, така што тие формираат правилен агол. Неколку пати подигнете и спуштете ги нозете додека седите за да направите крвна циркулација.

Длабоката венска тромбоза може да биде многу сериозен проблем затоа што згрутчувањето на крвта може да се одвои и да заврши во крвотокот во белите дробови, блокирајќи го нормалниот проток на крв. Оваа опасна по живот состојба се нарекува белодробна емболија.

Фактори на ризик за развој на ДВТ вклучуваат претходна операција, воспаление, проширени вени и проблеми со бубрезите. Ако страдате од некој од горенаведените проблеми, БГВ советува да разговарате за тоа со вашиот матичен лекар.

Извор: index.hr