НовостиПравдаСветот на работникот

,,Гласен Текстилец” бара навреме да се преземат мерки за заштита на работниците од високи температури

   Време за читање 1 минута

Здружението „Гласен Текстилец” денеска преку соопштение ги потсетува Министерствата за здравство и за труд и социјална политика, дека територијата на државата ќе биде зафатена од високи температури, односно влегуваме во портокалова фаза.

Со тоа што како што се наведува во соопштението, овие министерства треба да објават препораки за намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор и на своите работни места.

-Предлагаме да дадат препорака за ослободување од работните обврски или да се организира работното време на најранливите групи на населението, како што се: бремените жени, лицата на возраст над 60 години, хронично болните.За градежните работници и сите други работници коишто работат на отворен простор да се организира работното време со цел за заштита од директна сончева изложеност на работниците, велат од ,,Гласен Текстилец”. Здружението ги потсетува работодавачите да го заштитат здравјето на вработените, а инспекторатот за труд да внимава на почитување на законските прописи од областа на безбедноста и здравјето при работа.

Фото: Freepik

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *