- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникот

Гласен Текстилец: Уште една успешна соработка со трудовиот инспекторат

313views

Фејсбук статуси на Гласен Текстилец:

Уште една успешна соработка меѓу Трудов инспекторат и Г.Текстилец во врска со отказ на жена поради наводно кршење на ред и дисциплина и погрешното толкување на ЗРО и уредби на Влада во време на вонредна состојба од страна на работодавачот Зогори од Штип.
Се наложува со решение од трудов инспектор да се укине отказно решение бидејќи жената користи уредби на Влада за оправдано отсуство за грижа на дете до 10 години а воедно исплаќал и плата под минимална, да се направи корекција на плата и вработената биде вратена на работно место.
Рокот за корекција на овие недостатоци се 5 дена од добивање на решение.

Advertisement

Не смее да се толкува во ниеден случај кршење на ред и дисциплина поради наводно не појавување на работа три последователни дена во случај кога вработен користи оправдано отсуство согласно мерките, препораките и уредбите на Владата.

#Продолжуваме▶️▶️▶️▶️

Advertisement
Advertisement

➡️➡️➡️
Почитувани,
📌По добиени сознанија за конфекциите Крзно Текс и Крзно Делчево за исплата под минимална плата за вработени кои користеле мерки во време на пандемијата (бремени, хронично болни и родители на деца до 10 годишна возраст), Г.Текстилец поднесе барања за инспекциски надзор до надлежен трудов инспекторат за корекција на плата.

📌По извршен инспекциски надзор, инспекторка од областа на трудот го задолжи работодавачот на двете гореспоменати фирми да направи корекција на плата за вкупно 21 лице кои ги користеле мерките од Владата. Издадено е решение и дадена наредба да се направи корекција на плата со рок од 10 дена.

✊Уште една успешна соработка меѓу Државниот трудов инспекторат и Г.Текстилец во насока на заштита на работничките права во време на оваа криза од Ковид -19.
📌Овој период, несомнено, вработените од приватниот сектор беа први на удар, но особено најранливи се бремените жени, хронично болни и мајките на деца до 10 години.

✊🔛Остануваме овде да внимаваме на состојбите и се обидеме да одговориме на сите кои се обраќаат до нас за правна помош и поддршка.

#Продолжуваме▶️▶️▶️▶️

 

Advertisement