- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Голем број на компании добија пари, но не ги поделија со своите вработени

Голем број на компании добија пари - Работник
151views

„Некои штети во бизнисот се мерливи, но некои се немерливи. Немаме луѓе за фрлање, на сите треба да се посветиме подеднакво. Штетата од кризата е огромна. За сите нас беше нешто непознато, требаше стратегија како државата да се справи со стопанството. Нашата држава никога немала долгорочна стратегија. Секогаш само политичка програма се следела. Фалеше стратегија поткрепена со научен кадар и бизнис секторот. Коцкарниците први најавуваа голема криза, обратно е. Уште утре треба да се затворат сите, тие функционираат на песимизмот на нашиот народ. Има многу компании кои многу кукаа, а добиваа пари од државата и тоа не го распоредија меѓу вработените. Не знам што прават нашите обвинителства, тие функционираат само на одредени копчиња, по партиски директиви. Има и компании кои трпат, но тие кои по сила на нештата морале да затворат, треба државата да мисли за нив“ – вели Мендерес Кучи, претседател на собрание на Стопанската комора на северозападна Македонија во Студио 10 на ТВ24.

Повеќе на ТВ24