Давам отказ бидејќи Бијонсе така ми рече: Големиот отказ добил своја химна

Големиот отказ е духот на ова време. Сепак, доколку ви треба доказ, прашајте ја Бијонсе како да го направите тоа.

Новиот сингл на оваа супер ѕвезда, „Break My Soul“ кој е објавен во понеделникот навечер, ја доловува слабоста на работникот која довела до тоа рекореден број на Американци да дадат отказ од работа. Таа е нејзина прва песна од седмиот студиски албум кој ќе биде објавен на 29 јули.

Одата на Бијонсе за напуштање на вашата работа е најновата културна референца на трендот „Големиот отказ“ кој започнал пролетта 2021 година, кога американската емономија повторно се отворила во поширока смисла по затиштејот во екот на пандемијата.

Процесот наречен „Great Resignation“ (Големиот отказ), кој се шири ширум светот, претставува разлика помеѓу слободните работни места и оние кои бараат работа. Како што стојат работите сега, моментално постоја речиси две отворени работни места за секој невработен работник. Оваа ситуација, претседателот на Федералните резерви Џером Пауел ја нарекол „нездрава“.

„Сега се заљубив/ И дадов отказ/ ќе најдам ново нешто/… работат на моите живци/ Затоа не можам да спијам навечер“, пее Бијонсе.

 

Особено во медиумите се истакнуваат стиховите: „Ослободи го својот бес/ Ослободи го својот ум/ Ослободи се од својата работа/ Ослободи ја примата/ Ослободи ја својата љубов/ Заборави го останатото“, кои ги пее Биг Фредиа, на крајот на песната.

Трендингот на Твитер бил „испраќање на емаил за отказ бидејќи Бионсе така ми рече“, а песната моментално не прво место на ITunes.

 

Извор: Telegraf Biznis.rs

Фото: Tanjug/AP