Дали можете да ги замислите колегите во шатори? Една компанија пронашла начин како во канцеларија да се чувствувате како дома

Враќањето во канцеларија на вработените им паднало тешко од повеќе причини. Пред се, бидејќи морале да ја заменат удобноста на својот дом со стерилна просторија, но и да се вратат во деловниот свет на комуникација со своите колеги, пишува Telegraf Biznis.rs

Но, американската компанија Steelcase направила шатори за во канцелариите кои на вработените им овозможуваат комфор „како да се дома“.

Лесни за пренесување, шаторите ги блокираат визуелните пречки, но и создаваат заштитена приватност, поддржувајќи ги отпорните променливи норми на хибридната работа, пренесува designboom.

Иницијалната студија на проектот потекнува од Универзитетот во Винсконсин и се движела околу приватноста и пронаоѓањето на решенија кои се евтини и лесни.

После низа на обемни истражувања на различни облици и материјали, произведувачите на канцелариска опрема се обратиле до Крис Потинџер, индустриски дизајнер на опрема за отворено, за компании како што North Face и Big Agnes.

Соработката довела до споменатите шатори кои освен функционалност, нудат и комфор и приватност.

Шаторот е инспириран од лондонскиот облакодер Сен Мери Ејкс 30 (неформално The Gherkin) и доаѓа во ледена, златна и проѕирна боја.

Фото: Steelcase / Ferrari / Profimedia