- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Дали условувањето со задолжителната вакцинација носи ризик од дискриминација?

Вакцинација - Работник
525views
Дали условувањето со задолжителната вакцинација носи ризик од дискриминација?
Работодавачите имаат должност, колку што е разумно изводливо, да обезбедат здравје, безбедност и благосостојба на оние што работат за нив, како и на оние кои физички доаѓаат во контакт со фирмата. Како резултат, некои организации размислуваат за воведување на задолжителна политика за вакцинирање против КОВИД-19 и/или условување во огласите за вработување дека ќе се прифаќаат само вакцинирани апликанти.
Да се има унифицирана политика за вакцинирање, применета нефлексибилно, што резултира со отпуштање или третирање на работниците помалку поволно (намалена плата; не смеат да присуствуваат на работното место) доколку не биле вакцинирани, може да ги натера лицата со посебна заштитна карактеристика да се најдат во одредена неповолност. Затоа, постои ризик од дискриминација, освен ако не можете да го оправдате вашиот пристап како пропорционално средство за постигнување легитимна цел (како што е заштита на здравјето и безбедноста на персоналот и други).
Дали задолжителната вакцинација е пропорционална, ќе зависи од фактори како што се начинот на водење на политиката во пракса; влијанието врз индивидуалните работници; и дали има помалку нападни начини за намалување на ризикот:
• Дали можат да се преземат други чекори за да се направи работното место КОВИД-19 безбедно (социјално растојание, екрани, вентилација)?
• Може ли вработениот да работи од дома?
• Може ли вработениот повторно да се распореди на друго работно место каде другите мерки за заштита од Ковид 19 би биоле доволни, односно не би била потребна вакцинација.
• Дали редовното тестирање ќе понуди соодветна заштита?
Условувањето со задолжителна вакцинација за апликантите при оглас за вработување исто така носи ризик од дискриминација, со оглед на тоа што барателите на работа се заштитени со закон од дискриминација.
Тимот на Јуридика