„Да се зголемат платите на здравствените работници“

Од денешната средба со министерот за здравство д-р.Беким Сали, претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ, ​ д-р Љубиша Каранфиловски, заменик претседателот на Самостојниот синдикат Боби Стојановски, претседателот за следење реформи во здравствената дејност ​ д-р Ѓорѓи Ставридис, претседателот на ССМ м-р Дарко Димовски и претседателот на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри “ЗА НАС”, Гордана Бешлиовска.
​На средбата се разговараше околу одредени актуелни состојби во здравството. Приоритет беше даден на покачувањето на платите за вработените во здравството, кое би било линеарно.
Се укажа дека сеуште не се систематизирани работните места на сестрите со високо стручно образование и истовремено се побара овие работни места што поскоро да бидат ажурирани во Правилниците за систематизација во Јавните здравствени установи.
Беше договорено дека поради одредени недоследности во примената на Колективниот Договор за здравствена дејност, работната група формирана​ од министерот за здравство да изврши и надзор во оние ЈЗУ каде има отстапувања во примената на истиот.
Се очекува во текот на наредната недела средба со премиерот Димитар Ковачевски, на која би се разговарало околу реализација на барањето за покачување ​ на платите на вработените во здравствената дејност.