- Advertisement -
Колумни

Да се крати од луксузот на богатите, а не од скромните примања на работниците

Ќе имаат ли работничките права - Работник
544views

Автор: Бобан Илијевски

Без трунка осет одредени „ корпоративни индивидуи“ во нашата држава ги вперуваат прстите во работниците и нивните скромни примања коишто не се доволни за живот во нормални околности, а не пак во ера на криза.

Advertisement

Гледаме дека некои до газдите не сакаат да одвојат дел од својот колач, а знаеме дека истите имаат милионски суми во сефовите за нивни „кризни времиња“. Епа, драги мои газди, на вас е сега редот да се жртвувате малку, бидејќи работниците се жртвуваат секој ден во нивниот работен век.

Еве, бидејќи постојано земаме примери од соседството, да ја погледенеме Словенија којашто денеска објави дека работодавачите чии работници ќе одат на принуден одмор ќе земаат 80 проценти од просечната плата од претходните три месеци за наредните три месеци, се разбира со помош на Владата, а додека оние коишто се принудени да одат во самоизолација, ќе земаат исто толку, но државата ќе им ја исплаќа таа сума. Секако дека не можеме да ја споредиме Словенија со Македонија, но и Македонија откако ќе се задолжи колку што е потребно ќе може да одреди работниците да земаат барем 70 проценти од целосната плата, како што е тоа одредено со Законот за работни односи. Ах, тука морам да напоменам дека некои од приватниците рекоа дека бидејќи е вонредна состојба, законите немале важност. Јас истите би ги запрашал како може во Италија која е под целосен карантин и каде што уште одамна има прогласено вонредна состојба, металуршките работници на 25 март да влезат во штрајк, барајќи од Владата да ги ослободи од работните обврски. Ова е мојот аргумент и сигурен сум дека е, како што би рекле американците Rock Solid (цврст како камен). Така да, штом таму може да влегуваат во штрајк за време на вонредна криза, тука можат да важат законите, а и одлуките коишто ги носи Владата треба да се темелат врз овие закони. Не мора да значи дека ако целата моќ на одлучување и спроведување на мерките е во нејзина надлежност, дека истата има право да одлучува што сака. Сепак, морам да нагласам дека досегашните мерки коишто Владата ги донесе се навистина добри и треба сеуште да се заострат, како од здравствен, така и од економски аспект. Ќе ги споменам и Хрватска и БиХ кои рекоа дека платите во јавниот сектор ќе ги намалат за 10 до 15 проценти, што не мора да значи дека овие мерки ќе се спроведат, бидејќи може и тие да го следат примерот на Србија којашто на докторите им ги зголеми платите за 10 проценти и даде наредба на работодавачите да не отпуштаат работници и да не им ги кратат платите, со предупредување дека оние коишто ќе го сторат ова, нема да добијат никаква помош од Владата. И Вучиќ беше категоричен по овој став.

Advertisement
Advertisement

Имено, еден хотел во Ниш отпуштил 60 проценти од работниците, по што следела реакција на Вучиќ кој на сопственикот му порачал да не смета на помош од Владата доколку не ги врати работниците назад, по што сопственикот го сторил тоа и притоа се извинил на Претседателот на Србија.

Тука морам да се осврнам и на ставот на проф. д-р Димитар Апасиев кој за порталот Работник рече дека потребно е да се воведе данок за лукзус на богатите, што според мене е логично барање, односно предлог. Богатите се оние коишто сега треба да одвојат од своите „сефовски“ пари и да помогнат на работниците, а со тоа и на државата. Богати има доста во Македонија и додека сите би одвоиле доволна сума на пари, тоа би било од голема помош на државата. Инаку од Левица во соопштение рекоа дека компанијата „Брако“ на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев ги терала вработените маските за една употреба да ги перат и повторно да ги носат.

За жал негативен пример е и компанијата ТАВ која на своите вработени кои се на принуден одмор им исплаќа 50 проценти, наспорти законски загарантираните 70 проценти кои ги пропишува Законот за работни односи.

Но еве, за да не испадне дека завршувам со лош пример, ќе ги споменам и оние неколку мали конфекции коишто ги пуштиле вработените на приндуен одмор и на истите ќе им исплатат целосни плати.

Драги мои читатели, овие примери (позитивни и негативни) го покажуваат вистинското лице на одредени компании во ек на криза. Некои од нив бараат солидарност, за што сметам дека работниците постојано покажуваат солидарност,  а сега е време тие да ја покажат оваа скапоцена доблест која сега е најпотребна, како никогаш.

Колумната е дело на авторот и во ниеден случај не ги одразува официјалните ставови на Порталот Работник

Advertisement