Две женски лица повредени на работните места

На 14.01.2023 во14.10 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во Општа болница Кавадарци со повреди била донесена Р.К.(59) од Росоман. Според пријавеното, таа се здобила со повредите при извршување работни задачи за фирма во Росоман. Се работи на расчистување на случајот.

На 14.01.2023 околу 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди била донесена М.Џ.(37) од Шуто Оризари – Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повредите додека извршувала работни задачи во фирма во фирма во населба Влае. Се работи на расчистување на случајот.