Деветмина дојдоа, тројца преку ноќ заминаа: Предизвици за македонските работодавци со работниците од странство
Иако се најавуваше дека бројот на странски работници во угостителските објекти ќе достигне повеќе од 1000, тоа не се случи. Дел од странските работници се ангажираат и во градежниот сектор. Но, има и такви кои ги оставаат документите и преку ноќ заминуваат. Известува Мики Трајковски
На изградба на станбена зграда на влезот во Охрид од пред три месеци работат и неколкумина работници од Бангладеш. Сопствениците на градежната компанија биле принудени на овој чекор, поради сè помалиот број домашни работници, кои останале во земјата.
„Минатата година имавме 15-20 работници кои со години работеа кај нас, но заминаа од државата и имаме недостаток на работници и моравме да побараме“, вели Шериф Кадриоски, сопственик на градежна компанија.
Повеќе на Глас на Америка