Останато

Денеска се реализираше првата работилница за размена на искуства во рамките на проектот „ВИ Навигатори: Оспособување на наставниците за ерата на вештачката интелигенција“

Фејсбук статус на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура:

Еразмус+ проект “ВИ Навигатори: Оспособување на наставниците за ерата на вештачката интелигенција.”

Денес се реализираше првата работилница за размена на искуства и добри практики во рамки на проектот.

Координаторот на проектот и четирите ВИ навигатори ги споделија своите искуства од процесот на менторирање, како се одвива поддршката, со кои предизвици се соочуваат наставниците и каков е нивниот фидбек по првите чекори во примената на вештачката интелигенција во наставата.

Особено значајно беше што дел од наставниците кои работеа под менторство на навигаторите денес ги споделија своите практични искуства, конкретните примери за тоа како ВИ алатките можат да ја збогатат наставата, да ја зголемат ангажираноста на учениците и да отворат нови можности за креативно учење.

Ова е само почеток на еден структуриран процес што има за цел да ги оспособи македонските наставници не само да ја разберат вештачката интелигенција, туку и самоуверено и одговорно да ја применуваат во училница.

Продолжуваме.

#ВИНавигатори

#SONK

#Macedonia

#AIForTeachers

#FutureOfEducation

#ErasmusPlus

#ЕвропскиПрограми