МакедонијаПравдаСиндикат

Денес повторно протести за покапувањето на струјата

Протести - Работник
227views

Во Скопје, Тетово, Прилеп, Битола, Кичево… за денес(21 август) се најавени нови протестни собири и акции против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за покачувањето на струјата за 7,4%.

Почитувани граѓани, со оглед на тоа што РКЕ и Владата на РСМ до денес не одговараат на барањата на граѓаните, Скопскиот протестен совет, поддржан од Полицискиот сојуз, Синдикатот за образование, Конфедерацијата на синдикатите на РСМ и други граѓански здруженија и невладини организации, одлучија да продолжат со мирни протести против зголемувањето на цената на електричната енергија. Но овој пат без говори, но со блокади на крстосници, и тоа по моделот 2 крстоници по 2 часа, а потоа 4 крстосници по 4 часа итн, се вели во најавата за протестот во Скопје.

Протестирачкиот совет Скопје потенцира дека од 14 до 16 часот ќе бидат блокирани крстосниците кај Мавровска и Судска палата и кај Палома Бјанка – Рекорд.

Очекуваме масовни излегувања на граѓани во петок. Протестниот марш ќе започне од Чаирчанка Јахја Пашa до крстосницата до Мавровка и од Жена парк до крстосницата Палома Бјанка, се вели во најавата за Протестирачкиот одбор, кој, меѓу другото, минатиот петок побара РКЕ веднаш да ја понушти одлуката за покачувањето на струјата, да се намали цената за 46%, попустот на ДДВ од 18 на 5%, да се распушти РКЕ, но и да се формира независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги.

Од Конфедерацијата на синдикатите преку социјалните мрежи најавија дека тие својот протестен собир ќе го започнат во 13:30 пред нивните канцеларии, кај споредниот влез на поранешен саем, веднаш до бензинската Макпетрол. Потоа ќе се приклучат на блокадите на раскрсниците.

Арианит Џафери од Тетово, уште пред неколку денови изјави дека ова нема да биде конценционален протест, туку повеќе како герила-акција. Повика од повеќе градови да се приклучат кон ваквите протести, бидејќи поскапувањето на цената на енергијата е на национално ниво.

И уште еден повик до надлежните да ги сфатат посериозно барањата да не дојде до некаква ескалација, како што дојде во Тетово минатата недела, рече Џафери, член на организациониот одбор на протестите од Тетово.

Bo Прилеп, собирно место за протестот е кај Камена бина кај паркот Ченто од 19 часот, а во Битола во истото време кај Фонтаната пред Музејот.

НЕ за поскапувањето на струјата! НЕ за дополнителното осиромашување на граѓаните! НЕ за екстрапрофити на капиталистите на наш грб! Во услови на пандемија, кога многу граѓани губат работа и кога им ги намалуваат платите, ја поскапија струјата. ЕВН, МЕПСО, ЕСМ трпеле поради кризата. А граѓаните не трпат? Што е поважно? Профитите на капиталистите и вдомувањето на партиските војници или животниот стандард на обичните граѓани? Не смееме да го дозволиме овој удар на нашиот грб! Да го кренеме нашиот глас! Од нас зависи! Да се обединиме, Македонци, Албанци, Роми, Турци и останати, да се обединиме и да се спротивставиме! Да не им дозволиме да им помине поскапувањето на струјата!, стои во најавите за протестите во Битола и Прилеп.

Извор: Лидер