Uncategorised

ДЗР: Ниту придонесите од плата не се доволни да го покријат минусот во ПИОМ

   Време за читање 2 минути

Стари и нерешени предмети од пред повеќе години, неажурност во работењето, дел од предметите се чувале во несоодветни услови, а дел се уништени, а работните обврски меѓу вработените биле несоодветно распределени. Ова се само дел од забелешките наведени во изештајот на ДЗР за 2023 година, во кој покрај даденото неповолно мислење за финансиските извештаи, тие идентификувале дека наплатените придонеси од плата на Фондот и во 2023 година не се доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензиии.

„Приходите од наплатен придонес од плата за пензиско и инвалидско осигурување во 2023 година се зголемени за 13% во однос на претходната 2022 година и изнесуваат 63.340.987 илјади денари со учество од 65,74% во вкупно остварените приходи. Оствареното зголемување на приходите во 2023 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за социјални бенефиции кои исто така секоја година бележат раст. “ – пишува во извештајот на ДЗР.

Во него меѓудругото се наведува дека во текот на 2023 година биле ангажирани 206 луѓе со договор на дело за период од 2 до 12 месеца, за кои се исплатени 50.377 илјади денари. За нив ревизорите укажуваат дека не постои евиденција за присуство, поради што постои можноста од исплата на парични средства на лица кои не биле присутни на работните места и не ги извршувале работните обврски. Ревизорите утврдиле и дека не е извршено евидентирање на имотот во деловните книги на постојаните средства добиени по основ на стечајни постапки за кое Фондот има сопственост или пренесено право на користење, дека не е целосно спроведен пописот на средствата и обврските.

Извор: Канал 5