Димитриеска Кочоска: Оделе во Брисел по 30 души – сега ќе одат по двајца, а уште има и ставка „Ковид“
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во емисијата „24 Анализа“ рече дека буџетот е преголем и набилдан, па според тоа има простор да се крати од многу места пред првиот ребаланс. Таа вели дека уште не е направен ребалансот прецизно, туку дека денеска ќе биде пуштен буџетскиот циркулар за кој ќе има само два дена да се изјаснат сите за потребите. Според неа, приоритет ќе биде се она што е законска обврска како што платите според потпишаниот договор за што не беа обезбедени средства, а ќе има корекции и на пензиите.
Ќе има и кратења. Мене ме чуди зошто воопшто уште има ставка за Ковид. А некои ставки ќе се преиспитаат. Ние имаме ситуација со години да се зголемува буџетот, а ние не сме добиле ништо од тоа. На пример од Секретаријатот за европски прашања на преговори во Брисел оделе 30 луѓе. Зошто? Можело да одат двајца. Оттука има простор за кратење на непотребни трошоци и пренасочување на тие средства за проекти кои се функционални. Имало лошо управување со средствата и многу „затворени“ средства кои стоеле и не се користеле за реализација на каптални расходи, вели министерката.
- ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА И ВО ГЕРМАНИЈА, КАКО ПОМИНА ЕКСПЕРИМЕНТОТ: Вработените поодморни, понаспани и попродуктивни - 04/11/2024
- Анализа: Каков е соодносот меѓу минималната и просечната плата кај нас и во регионот - 04/11/2024
- ВАЖНО ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА: Можат ли работниците да бираат дали сакаат пари во кеш или слободни денови за одмор - 01/11/2024