Димитров за ТВ24: Економијата нема да издржи целосно затворање
Ангел Димитров од Организација на работодавачи во 24 анализа исто така се согласува дека нашпата економија не би можела да издржи целосно затворање.
„Имавме полициски час во април и ако ситуацијата продолжува да се влошува, ќе мора да се преземе нешто, но не тотално затворање“, нагласи Димитров и додаде дека не е само да се опстане здравствено, туку и економски.
Тој истакна дека нема држава каде што ковид не предизвикал турбуленции. Кај нив бројот на невработени нагло се зголемил.
„Ние се обидовме преку мерките на Владата да ги задржиме работните места и тоа е причина што некои дел од секторите не добија помош. Оние кои земаа подршка се обидуваат да ги задржат работниците, зошто ќе треба да ја вратат помошта. Помошта не е мала, особено каде што има повеќе вработени.“ – вели Димитров.
Главен критериум е падот на приходите. Кај нас се субвенционира компанијата ако има пад на приходи.

