- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Добро е што бизнис заедницата е повеќе вклучена во носењето на законски решенија

Добро е што бизнис заедницата- Работник
151views

Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ е во поддршка со УСАИД, а се спроведува во партнерство со четирите најактивни стопански комори. 2016 година, била најтурбулентна година и тогашните резултати покажале дека за компаниите бизнис климата е најлоша, пишува Слободен Печат. 

Но оттогаш бизнис климата секоја година се подобрува. Оваа година под влијание на ковид кризата компаниите ја оценија како на истото ниво од претходните години, изјави во Утрински брифинг, Христијан Станоевиќ од ЕПИ центар, консултант за маркетинг и комуникации на проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива.

Компаниите се повеќе ги препознаваат Стопанските комори како глас на бизнис заедницата и партнер кој ги застапува нивните интереси. Во 2018 година се формираше платформата за јавно-приватен дијалог која е составена од четирите стопански комори и е потпишана заедно со Владата. Во периодот кога се формираа пакетите за поддршка на стопанството, за поддршка на компанииите, коморите заедно со компаниите успеаја дел од тие барања да ги вметнат во пакетите.

Инаку, да, компаниите се повеќе се вклучени во носењето на правната регулатива, дали се работи за даноци, работни односи, јавни набавки, вели Станоевиќ и додава дека е добро што се повеќе барања се канализираат преку ваков вид на активности.

Интервјуто погледенте го тука