- Advertisement -
НовостиПравда

Доделени лаптопи на ученици од социјален ризик во Делчево

Доделени лаптопи - Работник
137views

Во двете делчевски деветолетки денеска се дистрибуирани лаптопите донирани од организацијата „Македонија 2025“, наменети за учениците кои не се во можност да следат онлајн-настава.

-Донацијата се состои од шест лаптопи во вкупен износ од 80.000 денари, од кои пет се наменети за ученици од деветолетката „Ванчо Прке“, а еден лаптоп за деветолетката „Св.Климент Охридски“. Примените лаптопи ќе се распределат на ученици од двете основни училишта кои немаат уреди за следење настава врз основа на подготвената листа на искажани потреби на Министерството за образование и наука, истакна градоначалникот на Делчево Горан Трајковски.

Покрај за ученици од Делчево, организацијата „Македонија 2025“ во координација со МОН во источниот регион обезбеди лаптопи и за ученици од општините Берово и Пехчево. Средствата за купување на опремата во износ од 12.000 канадски долари беа собрани преку интернет-кампањата за донации „No child left offline”, од индивидуални донатори со македонско потекло од повеќе земји.

„Македонија 2025“ е неполитичка организација со примарен фокус на економски и лидерски развој, со цел генерирање можности и градење капацитети за економски раст.