ИнтервјуаМакедонијаСиндикат

Д-р Панев за Работник: Заштитната опрема на вработените во Итната медицинска помош е според стандардите.

Заштитната опрема на вработените - Работник
191views

Вработените во Итната медицинска помош се соочуваат со големи ризици како и сите други здравствени работници, поради епидемијата од вирусот Ковид – 19. Претседателот на синдикатот на Итната медицинска помош, д-р Ангел Панев во интервју за порталот Работник вели дека досега четири до пет лица вработени во итната помош се позитивни на коронавирусот, но сите се асимптоматски и нивната состојба е задоволителна.

Во продложение целосното интервју:

Работник: Како доктор и како претседател на синдикатот на итна медицинска помош при синдикатот на Клинички центар, како сте задоволни од заштитната опрема? Дали е таа доволна за да се заштитат здравствените работници од Ковид- 19?

Д-р Панев: Генерално во овој период можам да кажам само за вработените во Итна медицинска помош, каде ако ги земеме проблемите кои се појавија на почетокот на пандемијата, после извесен период ситуацијата се нормализира со опрема, која е според сите стандарди, а воедно се спроведуваат и сите протоколи за вработените во службите на Итната медицинска помош.

Работник: Имате ли информации колку медицински лица од итната медицинска помош се заразени од Ковид – 19? Доколку да, каква е нивната ситуација?

Д-р Панев: Моите информации до денешен ден се дека позитивни на коронавирусот беа четири до пет вработени од Итната медицинска помош, кои се покажале позитивни на тестирањето, меѓутоа не се заболени и се асимптиматски и нивната ситуација е задоволителна.

Работник: Вие работите во дежурната ноќна служба во Поликлиниката во Сингилиќ, населба каде што има голем број на заразени. Како функционирате во овој период?

Д-р Панев: Ние во ноќната служба која работи во текот на викендите и празниците, во периодов на епидемија, фукнкционираме без некои поголеми измени, ако се земе само во предвид дека имаме намален обем на работа по број на пациенти и работевме во период кога беше полициски час. Граѓаните во тој период избегнуваа да доаѓаат непотребно во дежурната служба навечер, што не беше случај пред епидемијата. Се применуваат соодветни заштитни средства за тој обем на работа и таквиот вид на работа и мнозиноството на пациенти доаѓаат на прегледи со заштитни маски.

Работник: Како претседател на синдикатот на итна медицинска помош, како го оценувате односот на здравствените власти со здравствените работници?

Д-р Панев: Во овој период на епидемија, нема некои поголеми проблеми на кои се жалат вработените. Соодветно на ситуацијата, бројот на докторите и екипите во Итната медициснска помош е зголемен со специјализантите кои се повлечени во службата. Така да некои големи поплаки од страна на вработените засега нема. Законот за работни односи се почитува, како и работењето во смени како што е и пропошано за работа во Итната медицинска помош. И бидејќи е период кога здравствените работици не користат годишни одмори, нема многу боледувања.

Што е со работничките права на вработените во Итната медицинска помош? Дали покачувањето на платите, согласно Колективниот договор се имплементира?

Д-р Панев: Генерално можеме да кажеме дека нема големи жалби. Од оние проблеми коишто постоеја во минатото, некои се решија, но некои остануваат да се решат во некои подобри времиња, што е наша синдкална должност. Има проблеми кои се наследени од минатото и верувам дека низ соодветен коректен дијалог со раководството ќе најдеме заеднички јазик, за да ги решиме и тие проблеми.

Тоа што е пропишано со Колективниот договор, односно со последните промени се применува. Сите оние договори што се потпишани и кои се однесуваат на вработените во Итната медицинска помош кои спаѓаат под примарната здравствена заштита (докторите, медицинските сестри) се почитуваат. Делумно со возачите, односно нивните покачувања имаше мали проблеми, но тие се средија, така да се што е пропошано со Колективниот договор потпишан помеѓу синдикатите и Владата се почитува.

Работник: За крај, што би им порачале на Вашите колеги?

Д-р: На моите колеги би им препорачал, во овој период своите задачи да ги извршуваат чесно и професионално, соодветно со медицинската етика и пред се да се заштитат себе си и да го чуваат своето здравје.

Бобан Илијевски