Еве колку години може човек најмногу да живее: Ќе ви се сврти од бројката

Сите сакаат да ја дознаат тајната на долговечноста, а вистината е дека луѓето теоретски можат да доживеат и до 150 години и што е уште поубаво, не постои максимална старост. Ова било потврдено од едно истражување.

Имено, истражувачите тврдат дека постои граница на човечкиот век. Но едно е теорија, а друго пракса. Во теорија би можеле да живееме долго. но во пракса не живееме толку долго, со исклучок на одредени поединци.

Анализирани се податоци од Меѓународната база на податоци за долговечноста која опфатила повеќе од 1,100 стогодишни луѓе од 13 земји, како и истражување во Италија на лица кои имаат преку 105 години.

Оттаму е и заклучокот дека дури и ако човек доживее 110 години, шансите да стигне до 130 се отприлика еден од милион. Не е невозможно, но е малку веројатно, велат истражувачите.

Најстарата евидентирана личност е французинката Жеан Калмент која умрела во 1997 година, на својата 122 година.

Се на се, потребен е медицински и општествен напредок за да теоријата за траењето на човечкиот живот биде поистоветена со праксата. Но бидејќи тоа не е случај, сто години изгледаат како добар почеток.

Фото: AP