Европската комисија ги потврди заложбите на Левица поднесени со Предлог-законот за жените земјоделки, велат од партијата
Власта предводена од ДУИ и СДС доби критики од Европската комисија преку последниот Извештај за нивната работа за низа нерегуларности, меѓу кои и нерегулираното здравствено осигурување на жените-земјоделки.
Левица, уште во април, минатата година поднесе Предлог-закон за платено породилно отсуство за жените земјоделки (Измена и дополнување на Законот за здравствено осигурување), со кој се овозможува користењето на правото на надоместок поради бременост, раѓање и мајчинство на жените – земјоделки и би се овозможила еднаквост за ова уставно загарантирано право на секоја жена со кое Рапубликата гарантира заштита на мајчинството.
Имено, во своите забелешки во Извештајот, ЕК го истакнува токму истото она за кое Левица се заложува со Предлог-законот. Тие ја критикуваат власта, дека жените кои се регистрирани како индивидуални земјоделки се исклучени од системот на здравствено осигурување и немаат право на надомест во случај на некоја болест, повреда на работното место, породилно отсуство, мајчинство итн.
Предлог-закон поднесен од Левица, кој дава решение и одговор на забелешките на ЕК, сѐ уште стои заглавен во Собраниската комисја за здравство, а Владата дури даде и негативно мислење по однос на нашиот предлог-закон.
Со ова, владата на ДУИ и СДС само докажува дека на дела, тие се целосно антиевропски настроена влада, која намерно ги саботира конструктивните предлози на Левица и го кочи европскиот пат на Македонија.
Комисијата за здравство на Собранието, свика Јавна расправа по Предлог – законот поднесен од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов која ќе се одржи на денес, 11 јануари 2024 година. Левица од Собрание ја продолжува борбата!
- Веќе се дефинирани производите што ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски - 09/11/2024
- Засега нема информација дека цената на струјата ќе се зголеми, вели Мицкоски - 09/11/2024
- Многу луѓе ги избегнуваат овие 5 работни места во Германија бидејќи не се „популарни“, а можете да заработите и до 100.000 евра - 09/11/2024