Еднодневен штрајк на пазарџиите од зелените пазари во Скопје во понеделник
Незадоволни од новите ценовници за закуп на тезга и од не обезбедувањето на еднакви можности за сите закупци за да обезбедат пристојана заработувачка и редовно плаќање на месечните давачки за закуп на тезга, пазарџиите од скопскиот зелен пазар ќе организираат еднодневен предупредувачи штрајк во понеделник.
Нивно барање е закупнината на тезга да биде еднаква за сите, по цена од 3,600 денари месечно. Тие велат дека новите ценовници кои ги добиле од управата на Скопски пазар предвидуваат дневната закупнина од 100 денари да се зголеми на 250 денари за тезга и да се укине можноста за резервација за зимскиот период од 2,000 денари. Сега сите ќе треба да плаќаат по 5,250 денари месечна закупнина.
Тие најавија дека доколку не се одговори на нивните барања, по еднодневниот штрајк ќе организираат и други протести во кои ќе учествуваат сите пазарџии од скопските пазари.
Според нив, никој од раководството не ги посетил, а ниту пак ги контактирал, па поради ова се одлучиле на еднодвен штрајк кој ќе се одржи на зелен пазар.