МакедонијаСиндикат

Завршија петте дена обука за вештачка интелигенција

Фејсбук статус на претседателот на СОНК, Јаким Неделков:

Завршија петте интензивни, но исклучително инспиративни денови на обука за употреба на алатки со вештачка интелигенција во наставата, во рамки на проектот:

„Навигатори на ВИ: Зајакнување на наставниците за ерата на вештачка интелигенција“ – Еразмус+ проект во кој СОНК е главен координатор.

Нашите навигатори-наставници имаа можност:

-да научат нови пристапи,да ги обноват постојните знаења;

-и да преминат од теорија во конкретна практика.

Оваа обука не беше само збир на нови алатки, туку вистинско патување кон едукатор на иднината: свесен, подготвен, етички и критички ориентиран.

Од есен, наставниците кои се обучија во Софија, заедно со координаторката и поддршката од претседателот на СОНК, ќе започнат со пренесување на знаењето на нивни колеги од сите средни училишта низ Македонија.

Проектот „ВИ Навигатори“ не е само актуелен, туку и неопходен за современото образование.

Нашата цел е оваа обука да стане достапна за сите наставници, затоа што иднината почнува со знаење, поддршка и соработка.

Благодарност и до партнерите од Бугарија, Белгија, Србија и Хрватска и обучувачите.

Браво за тимот, навистина одлични професионалци, со отворени умови и срца спремни за учење и споделување!