- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Заев: Просечната плата зголемена за 732 денари за една година

Заев: Просечната плата зголемена - Работник
491views

Исплатената просечна месечна нето-плата по вработен во јануари 2021 година изнесувала 28.272 денари, што е за 2,7 проценти повисока од истиот месец лани, или зголемување од 732 денари за една година, објави денеска премиерот Зоран Заев.

-Согласно податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи пред сѐ, на зголемувањето на просечната плата во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (12,4%), Уметност, забава и рекреација (8,4%) и Информации и комуникации (8,3%). Според статистика, просечната исплатена нето-плата за јануари е највисока во секторот Информации и комуникации и изнесува 53.928 денари. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за јануари изнесува 42.204 денари, објави денеска на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

Владата, пишува во објавата на Заев, во консултација со сите чинители во општеството, синдикати, комори, организации на работодавачи, креира амбиент за раст на просечната и на минимална плата

-Посветени сме на реализација на стапките на економски раст и покачување на платите до 30 проценти, напиша Заев. 

Просечната плата расте во континуитет! 📈🇲🇰

Исплатената просечната месечна нето-плата по вработен во јануари 2021 година…

Posted by Zoran Zaev on Wednesday, March 24, 2021