- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Заев: Расте просечната исплатена нето-плата по вработен

Заев - Работник
903views

Расте просечната исплатена нето-плата по вработен. Во јули годинава просечната исплатена нето-плата по вработен изнесува 28.540 денари и е за 4,8% поголема од истиот месец лани, напиша на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

– Континуираниот раст на платите, е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.
Просечната плата се движи кон 30.000 денари, остануваме посветени на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и на покачување на платите за 20% до 30%, сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата, додава Заев.

Според него, покрај растот на просечната плата, бележиме и раст на извозот, рекордна економска активност во индустриските зони и историски пад на невработеноста.

– Сите овие податоци покажуваат дека македонската економија е стабилна и развојна, вели Заев.