Започнаа штрајкови во „Фолксваген“, германските работници загрижени за работните места
Во Германија започнаа предупредувачки штрајкови меѓу вработените во автомобилските компании „Фолксваген“ и „Бе-ем-ве“. Штрајковите ги свика германскиот синдикат ИГ Метал, кој го започна првиот бран протести во металуршката и електричната индустрија. Прекините на работа почнаа рано наутро во вторникот, а протестите започнаа во ноќната смена, јавуваат германските медиуми, објави Политика.
Штрајковите уследија по неуспешните колективни договарања за платите и другите работни услови за околу 3,9 милиони работници во германскиот автомобилски и други производствени сектори. Според синдикатот, околу 250 работници штрајкувале во фабриката на „Фолксваген“ во градот Оснабрик во северозападна Германија. Во Хилдесхајм во текот на ноќта штрајкуваа околу 400 работници вработени во неколку компании.
- Независниот синдикат на полицијата денеска излегува на протест, бараат да се почитува Законот за минимална плата - 12/05/2025
- Швајцарската компанија „Ронтис“ ќе инвестира во Македонија – ќе вработи 500 лица - 12/05/2025
- СПМ зеде учество во панихидата по повод десетгодишнината од настаните во Диво Насеље - 09/05/2025