ЕкономијаМакедонијаНовости

Започнува исплатата на јануарските пензии

   Време за читање 1 минута

Утре четврток  на 01.02.2024 година започнува исплатата на јануарските пензии. Покрај пензиите, пензионерите со пониски пензии се уште добиваат дополнителна финансиска помош од 1.500 до 3.000 денари.

Како што претходно објавија институциите зголемување на пензиите се врши системски два пати годишно и тоа во март и септември.

Некои од банките како и претходно, се очекува пензиите да ги исплатат пензиите ден или два порано.

Пописот спроведен пред две години покажа дека од вкупниот број граѓани што живеат во земјава (1 831 712), со наполнети 65 години се 319.199 или 17,4 од вкупното население.

Според проекциите на Статистика за наредните 50-тина години, ако се земе предвид варијантата која се посочува како најреална (среден фертилитет) од седумте врз основа на кои се правени прогнозите, се предвидува дека во 2025 процентуално оваа старосна група (65+) ќе сочинува 19,1 отсто од вкупното население. Во 2050 ќе биде дури 32,1 отсто, а во 2070 ќе изнесува биде 30,6 отсто.

Фото: Canva

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *