НовостиСветот на работникот

ЗАРАБОТКА ДО ДУРИ 335,000 ДОЛАРИ: Вештината која вреди шест бројки

   Време за читање 5 минути

Подготвил: Бобан Илијевски

ChatGPT е најновата вештина која ја бараат компаниите, открива неодаменшното истражување кое е објавено на веб страната за кариера Resume Builder.

Од неговото јавно претставување кон крајот на 2022 година, ChatGPT за брзо време започнале да го применуваат компании како Мајкрософт и Слек, кои вградуваат четботови во своите производи или го користат за поефикасна работа.

Во текот на процената на кандидатите за вработување, 90 % од американските бизнис лидери велат дека ChatGPT е искуство плус за оние кои бараат работа, покажало истражувањето на горенаведената веб страна, кое опфатило 1,000 шефови.

Речиси половина (49 %) од компаниите кои веќе го користат, одреден преку Resume Builder, во главно за пишување на кодови, креирање на содржини, изработка на сижеја за состаноци или интерни документи и помош при корисничка поддршка.

ChatGPT не „се разликува“ од другите барани технички вештини како кодирањето или користењето на Мајкрософт Ексел, рекол Ендрју Хигаши, извршен директор на ChangeEngine, компанија за развој на софтвер во Сан Франциско.

„Кандидатите кои се запознаени со најновите технолошки алатки, вклучувајќи го тука и ChatGPT и на кои им е пријатно да ги користат, секогаш ќе имаат конкурентска предност на пазарот на труд“, објаснил Хигаши.

Со оглед на тоа дека вештачката интелегенција се повеќе се интегрира во различни индустрии, вклучувајќи ги малопродажбата и маркетингот, вештините за работење со вештачка интелегенција, додал тој, ќе бида навистина важни за лицата кои бараат работа.

На кои индустрии им е важно искуството со ChatGPT?

ChatGPT и тоа како се споменува во огласите за работа. На ZipRecruiter стотици описи на работните позиции го нагласуваат ChatGPT – половина од овие објави се за технички ВИ инженерски улоги, додека другата половина е за позиции во маркетинг, пишување на текстови и социјални мрежи, навел Јан Сигел, извршен директор на ZipRecruiter.

Порастот не генеративните ВИ алатки предизвикал зголемување на побарувачката за инженери, кои тестираат прашања и прават кориснички водичи за да ги подобрат одговорите на четботовите, пренесува Business Insider. Некои од овие работни места кои не бараат познавање на инженерство или кодирање, можат да бидат платени до дури 335,000 долари.

Менаџерите за вработување бараат луѓе кои имаат волја да ги „научат и да се прилагодат на новите технологии, како што е ChatGPT “ и „да бидат првите кои ќе експериментираат и најдат нови начини за да се дојде до заедницата“ користејќи ги апликациите како TikTok, Web3 и ChatGPT, може да се заклучи од описите на работните позиции објавени на ZipRecruiter.

Иако ChatGPT допрва треба да се појави во огласите за работа во секторот финансии на ZipRecruiter, Сигел напоменал дека тоа е „најверојатно зад ќошот“, пишува CNBC Make It.

Што се однесува до другите индустрии, Хигаши предвидел дека четботот ќе им биде најкорисен и на луѓето во продажбата и правните професии. Во продажбата, ботот може да генерира текст кој го симулира разговорот со купувачот, како и да ги уредува сценаријата за повици и одговорите на електронската пошта, додека во правниот сектор може да спроведува истражувања за случаи, како и да ги автоматизира договорите и обрасците.

Не е доволно само да го споменете ChatGPT во вашата биографија

Оние кои бараат работа мораат да направат повеќе од споменување на ChatGPT како вештина во својата биографија за да се истакнат во морето на кандидати.

„Менаџерите за вработување се грижат помалку за тоа дали го користите ChatGPT или не. Она што е поважно е што можете да постигнете со него“, рекол Хуан Пабло Гонзалес, постар клиент партнер во глобалната консултантска фирма Korn Ferry.

Ако ви е пријатно да ја користите генеративната вештачка интелегенција, би требало да го истакнете своите искуство во постигнувањето на специфични цели на работа користејќи ја напредната технологија, било на својот LinkedIn профил или во текот на интервјуто, додал Гонзалес.

На пример, ако работите во финансиски услуги, можете да објасните како сте го користеле ChatGPT за да „изградите економски модели или да извршите анализа на трошоците и ползувањата на основа на големи купови податоци“, предложил Гонзалес. Или, ако сте програмер, можете да напоменете на кој начин четботот ви помага да го пишувате кодот и да ги отстранувате грешките, овозможувајќи ви тоа да го правите „со поголема ефикасност и прецизност“.

Ако сакате да ги подобрите вашите вештини за користење на ChatGPT, постојат неколку курсеви за сертификација и обука на интернет, Универзитетот во Мичиген, Coursera и други платформи за е-учење.

Додавањето на ChatGPT  на вашата листа на професионални вештини им покажува на работодавачите дека сте некој кој е „возбуден да истражува нови технологии и да пронаоѓа подобри начини за работа“, истакнал Гонзалес, „што е неверојатно вредно, без оглед за која работа и да се пријавувате.

BIZLife

Фото: Pexels