ЕкономијаМакедонија

За Велигден ценовен шок, по празниците нови мерки

Владата по велигденските празници ќе објави нов пакет мерки за ублажување на инфлацијата и стабилизирање на цените на основните прехранбени производи. Како што изјави премиерот Христијан Мицкоски,се разгледува комбинација од намалување на ДДВ и ограничување на профитните маржи.

„Следните мерки ќе бидат повеќе таргетирани кон одредени групи граѓани и кон основните прехранбени производи. Ќе вклучуваат намалување на данокот на додадена вредност, но и ограничување на профитните маржи“, изјави Мицкоски.

Повеќе тука