НовостиСветот на работникот

ЗА РЕК БИТОЛА РАБОТЕВМЕ ОД МИНУС ДО ПЛУС 40 СТЕПЕНИ И 130 МЕТРИ ПОД ЗЕМЈА, ВЕЛАТ ДВАЈЦАТА РУДАРИ – РЕКОРДЕРИ ПО НАЈДОЛГ РАБОТЕН СТАЖ, КОИ ЗАМИНАА ВО ПЕНЗИЈА

   Време за читање 1 минута

Работниот век го минаа работејќи во пепел, кал, магли кога прст пред око да не се гледал, па само звукот на лентата за транспорт на јаглен во рудникот им била одредница каде да се движат. Потоа, на студ од минус 40 степени Целзиусови кога металот им се лепел за раката, до плус 40 кога на нив врнело пот како дожд, во силни невремиња кога не можеле да го видат колегата иако бил на метар оддалеченост до нив.

Во тешки работни услови мина работниот век на двајцата рудари рекордери по работен стаж во РЕК „Битола“. Заминуваат во пензија Џевдет Џеловски со 52 години работен стаж и Благојче Трипуновски со 44. Менаџментот на РЕК в очи утрешниот Ден на рударите им врачи пригодни подароци како благодарност за посветеноста и долгогодишниот ангажман. Директорот Пеце Матевски рече дека тие се великаните на РЕК.

Повеќе на СДК.МК